За Гаске „ГОАТ“ е Роџер Федерер

За Гаске „ГОАТ“ е Роџер Федерер

пред 3 години

Францускиот тенисер Ришар Гаске даде свој коментар во трката за најдобар играч на сите времиња. Тој смета дека главните критериуми би требале да се грен слем титулите.

„Лично сметам дека оваа расправа е многу интересна. Проблемот е што таквата расправа никогаш не се завршува. Очигледно се зависи од критериумите кои ги гледаме. Во моите очи најголем е оној кој ќе биде најуспешен. Освен тоа, ако направам избор, нема да обезвреднам ниту еден од тројцата. Тие се неверојатни шампиони. Останува фактот дека за мене Роџер Федерер е тенис. Немам ништо против Новак или Рафа, ама ако морам да бирам, тоа би бил Роџер, неговата техника, гестови, елеганцијата на теренот“ смета Гаске.

Францускиот тенисер смета дека тенискиот „ГОАТ“ ќе биде познат за неколку сезони.

Share
Scroll to Top