„За мене смртта на Марадона е самоубиство“

„За мене смртта на Марадона е самоубиство“

пред 3 години

Алфредо Кахе, докторот на Диего Марадона од 1977 до 2007 година, за „Кориере дело Спорт“, рекол дека легендарниот фудбалер бил депресивен и дека сакал да умре. Марадона почина на 25.ноември, од срцев удар.

„Марадона имаше повреда на мозокот, но не боледуваше од Алцхајмеровата болест, како што се зборуваше. Лекот што го земаше не беше доволен. На Диего му беше потребен мир, кој не успеа да го добие со дрогата.Поранешниот светски првак падна во депресија по операцијата. Престана да јаде, сакаше да умре“, рекол докторот Кахе.

Пред неколку години Марадона беше на рехабилитација на Куба. Докторот тврди дека, во Хавана, со автомобил удрил во автобус. Сакал да си го одземе животот.

„На Куба влета со автомобил во автобус, но немаша среќа. Прерано го пуштија на домашна нега. Не го третираа како што треба. За мене неговата смрт е самоубиство“.

Share
Scroll to Top