За Меси најдобар во историјата е Роналдо Назарио

За Меси најдобар во историјата е Роналдо Назарио

пред 3 дена

Лео Меси е при крајот на својата фудбалска кариера. Според многумина тој е еден од најдобрите играчи во историјата на оваа игра.

Меси стана професионалец во 2004 година кога дебитираше за Барселона и оттогаш освои рекордни осум „Златни топки“ и четири титули во Лигата на шампионите, со Аргентина два пати ја освои Копа Америка, а во 2022 година го освои и Светското првенство.

Тој успеа да постигне 91 гол во 2012 година, најмногу голови постигнати од еден играч во една календарска година.

Наводно, Меси ќе го продолжи договорот со Интер Мајами за уште една година, а прашањето е дали потоа ќе се пензионира или ќе продолжи да игра.

Во својата кариера, Меси имал можност да игра со или против некои од најголемите фудбалери во светот, како што се Андрес Иниеста, Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Нејмар, Вејн Руни и многу други.

Аргентинецот има свој фаворит, играч за кого вели дека е најдобриот напаѓач што имал можност да го гледа.

„Роналдо Назарио беше феномен. Од сите напаѓачи што сум ги видел, сметам дека тој е најдобар. Импресивен играч во секој аспект“, рече Меси.

Share
Scroll to Top