Зидан си замина од Реал Мадрид – Не можел да му прости на Флорентино Перез

Зидан си замина од Реал Мадрид – Не можел да му прости на Флорентино Перез

пред 3 години

Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, тврди новинарот Фабрицио Романо. Реал сезонава не успеа да ја одбрани титулата во Ла Лига. Сезоната „кралскиот клуб“ не освои ниту еден трофеј.

Шпанските медиуми, уште пред еден месец најавија дека и да успее да ја одбрани титулата во Ла Лига, дека Зизу ќе си поднесе оставка. Трофејниот тренер, бил преморен од се она што се случуваше сезонава.

Од друга страна, шпанските медиуми тврдат дека Зидан не му го простил на претседателот Флорентино Перез испадот во јавноста минатата година. Во периодот кога Реал се мачеше во фазата по групи во Лигата на шампионите, Перез изјавил дека „тренерот треба да добие отказ доколку Реал не ја мине групата“.

Ова е втор пат Зидан да го напушта Реал, претходно тоа го направи по освоената титулата во Лигата на шампионите во 2018 година, но шест месеци подоцна се врати во клубот.

Share
Scroll to Top