Првиот меч на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија против Пари Сен-Жермен со Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе во составот, предизвикува огромно внимание во арапската земја, со над 2 милиони онлајн пријави за билети, тврди „ЕСПН“.
Роналдо потпиша двеиполгодишен договорт со Ал-Наср од Ријад, вреден 75 милиони долари на 30 декември, но неговото деби беше одложено поради суспензијата до два меча која ја доби од англиската Фудбалска асоцијација (ФА). Тој ќе ја отслужи суспензијата кога Ал-Наср ќе играат со Ал-Шабаб во сабота, по што ќе може да игра на домашниот меч против Ал-Етифак на 22 јануари.
Но, според саудиските медиуми тој ќе може да биде дел од комбинираниот тим на Ал-Наср и шампионите Ал-Хилал, кој ќе игра против ПСЖ во пријателски меч на 19 јануари на „Крал Фахд“ стадионот во Ријад. Според локалните медиуми, за 68 илјади билети за мечот, се пријавиле над 2 милиони Саудијци, така што се очекува на крајот билетите на „црно“ да достигнат астрономски цени.
Роналдо и Меси имаат 36 меѓусебни мечеви во клупски и репрезентативен фубл – Меси има 16 победи, Роналдо 11, а Меси има постигнато 22 гола во споредба со 21 на Роналдо.