Фудбалерите на Германија и Данска играа натпревар од осминафиналето на Европското првенство, но истиот беше прекинат.
Прекинот на натпреварот е поради невремето кое ја зафати Германија. Дождот не е проблем, но грмотевиците се закана за фудбалерите.
Поради тоа играчите го напуштија теренот по инструкции на судијата Мајкл Оливер.
Причината е Гром кој удри во близина на стадионот.
Сите играчи се во соблекувалната и нема информации што ќе се случи следно, и дали и кога ќе продолжи натпреварот вечерва.