Звезда го освои Милано, Реал со четврта победа во низа

Звезда го освои Милано, Реал со четврта победа во низа

пред 3 години

Црвена звезда ја забележа шестата победа во низа над Армани Милано, откако во деветтото коло во Италијa славеа со 87:79 за да го подобрат својот скор на солидни 4-5.

Поранешниот НБА шампион, Џордан Лојд беше фантастичен за Звезда со 17 поени и 5 асистенции, Кори Волден додаде 15, од кои две тројки во низа во моменти кога Милано се враќаше во игра. Кај поразените Мицов беше најефикасен со 13 поени.

Реал Мадрид пак стигна до четвртата победа во низа во Евролигата го подобри скорот на 5-4, откако со 79:63 немаше проблеми со Макаби Тел Авив.

Габриел Дек уфрли 16 поени, Ентони Рендалф имаше 15 и 7 скока, додека Факундо Кампацо го заврши мечот со 12 асистенции и 9 поени.

ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО

Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 79:63 (29:18, 16:14, 17:18, 17:13)

Алба Берлин – АСВЕЛ Лион 76:75 (19:21, 17:22, 14:17, 26:15)

Милано – Црвена звезда 79:87 (23:18, 21:30, 16:18, 19:21)

Share
Scroll to Top