Нема да има мега-дуел меѓу двата ексју гиганти, Црвена звезда и Динамо Загреб, откако српскиот шампион не успеа да го помине Шериф Тираспол во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, губејќи со 1:0 во Молдавија.
Звезда претходно не успеа дома да направи предност одигрувајќи 1:1 со аутсајдерот, за во реваншот, повторно од прекин, во судиското продолжение во првото полувреме, Колумбиецот Данило Арболеда го постигна единствениот гол на мечот. Динамо Загреб од 21 часот гостува кај Легија Варшава, исто така со идентични 1:1 од првиот меч.
Во баражот за влез во ЛШ е унгарскиот Ференцварош, откако загуби кај Славија Прага со 1:0, бранејќи ја предноста од 2:0 од првиот меч. Ференцварош ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Клуж и Јанг бојс, во кој првиот меч во Романија заврши 1:1.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, РЕВАНШИ
Шериф Тираспол (Мол) – Црвена звезда (Срб) 1:0, прв меч 1:1, вкупно 2:1
Славија Прага (Чеш) – Ференцварош (Унг) 1:0, прв меч 0:2, вкупно 1:2