Легендарниот француски фудбалер и тренер, Зинедин Зидан ја покажа својата хуманост. Тој донираше 2 милиони евра за загрозените во пожарите во африканската држава Алжир, од каде што е неговото потекло.
„Shoot Africa“ објави дека фудбалскиот тренер ги донирал парите преку својата фондација, преку која често учествува во добротворни акции.
Тој е роден во француски Марсеј, но и по мајка и по татко има потекло од Алжир.
Во Алжир активни се голем број пожари, а 70 луѓе ги загубија животите. Од нив дури 30 биле војници кои учествувале во гаснењето на пожарите.
Zinedine Zidane has donated €2M to the victims of the fires in Algeria [L'EQUIPE] pic.twitter.com/Aes0dyaYFX
— cricketsoccer (@cricketsoccer) August 20, 2021