Зидан: За мене мечот со Интер е финале

Зидан: За мене мечот со Интер е финале

пред 4 години

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не сакал да ги коментира шпекулациите за можниот отказ, но рекол дека дуелот со Интер би можел да го одреди понатамошниот пат на неговиот тим во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид, по првите два натпревари во Б-групата, се наоѓа на последното место со само еден освоен бод.

Сезоната во Лигата на шампионите, екипата на Зидан ја започна со шокантниот пораз од Шахтјор во Мадрид (2:3), а во минатото коло во последните пет минути, Реал се спасија од пораз во Менхенгладбах (2:2).

„Го познаваме нашиот противник. Тоа е силна, физички добро подготвена екипа. Играат добар фудбал. Не очекува уште еден тежок натпревар. Дуелот со Интер е финале за нас“, рекол Зидан.

Слично како и Реал и Интер лошо ја започнаа сезоната во Лигата на шампионите. Тимот од Милано во првите две кола, два пати ремизираше, со Борусија 2:2 и со Шахтјор 0:0.

Share
Scroll to Top