Зидан: Нема да вперуваме прсти, ама нешто мора да се менува

Зидан: Нема да вперуваме прсти, ама нешто мора да се менува

пред 3 години

Реал Мадрид синоќа доживеа нов кикс, на домашен терен беше поразен до 2-1 од екипата на Алавес и сега заостанува 6 бода зад лидерот Реал Сосиедад.

Тренерот Зинедин Зидан ја презема одговорноста за најверојатно најлошата изведба на својата екипа откако тој е на кормилото.

„Не бевме свои уште од почетокот на мечот, а кога така ќе тргнеш, се е покомплицирано. Не бевме концентрирани, но нема да бараме опрадувања, одигравме лош меч. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Мораме да се свртиме кон идниот меч, во вторник. Нема да си вперуваме прсти, ама нешто мора да се менува, мора да се обидеме да ја промениме динамиката што не е лесно“ рече Зидан на прес-конференцијата по мечот.

Новата повреда на Еден Азар, по само 27 минути игра дополнително го разниша Реал.

„Се надевам дека добил само удар и дека нема оштетување на мускулот“ рече Зизу.

Касемиро пред крајот на мечот погоди за 2-1, ама тоа не беше доволно за бодови.

„Се боревме, дадовме се од себе, но тие подобро влегоа во мечот. Во овој клуб секогаш си присилен да победуваш“ вели тој.

Share
Scroll to Top