Зидан: Само сакам Рамос да е фит, за иднината ќе видиме

Зидан: Само сакам Рамос да е фит, за иднината ќе видиме

пред 4 години

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан избегнува одговор на прашањето дали капитенот Серхио Рамос ќе го продолжи договорот или ќе се реши на трансфер, по многубројните шпекулации во последните неколку месеци.

На 34-годишниот Рамос, кој стана легенда на клубот во 16-те години по пристигнувањето од Севилја, му завршува договорот на крајот на сезоната, а многу големи клубови би го посакале во тимот со бесплатен трансфер. Зидан не дава директен одговор.

„Секогаш ме прашувате истото, тој е импресивен човек. Јас само сакам да биде физички подготвен да се врати по повреда, но ништо повеќе. Утре имаме натпревар, ќе видиме што понатаму“, одговори Зидан на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Реал Сосиедад.

Рамос се повреди при 0:0 ремито со Осасуна на 9 јануари, по што беше на операција на коленото и се очекува да се врати дури на крајот на март. До негов потпис според шпанските медуми најблиску се Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен.

Share
Scroll to Top