Златан во улога на Антивирус во филмот „Астерикс и Обеликс – средно царство“

Златан во улога на Антивирус во филмот „Астерикс и Обеликс – средно царство“

пред 4 години

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ освен во музичкиот, вети дека ќе се испроба и во светот на филмот. Тоа и го остварува.

Реномираниот „Л`кип“ пренесува дека популарниот Ибра ќе се најде во улогата Антивирус во филмот „Астерикс и Обеликс – средно царство“ кој се очекува својата премиера да ја доживее идната година.

Ибрахимовиќ кој неодамна го продолжи договорот со Милан до 2022 година ја потврди информацијата.

Планирано е покрај Швеѓанецот, гостувачки ѕвезди во филмот да се и јутјуберите Мекфлај и Карлито, како и раперот Орелсан.

Снимањето на филмот беше планирано уште минатата година во Кина, но мораше да биде одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Ибра на Инстаграм ја објави насловната фотографија на филмот:

Share
Scroll to Top