Златан: Пензија? Прво да го поправам менталитетот на Милан

Златан: Пензија? Прво да го поправам менталитетот на Милан

пред 3 години

Златан Ибрахимовиќ признава дека размислувал за повлекување од фудбалот, но решил да го прифати предизвикот и да го смени менталитетот на Милан за да помогне за враќањето на славата на својот стар тим.

Милан последен пат ја освоија титулата во 2011 година, во периодот кога Златан првпат беше во клубот, по што последен пат стигнаа до топ 4 во сезоната 2012/13. Откако тој пристигна во јануари, формата се смени – Милан сега се на првото место на табелата со пет поени предност, а 39-годишниот Ибрахимовиќ има 10 гола во шест настапи и вкупно 22 во 30 натпревари.

„Првото прашање кога се вратив во Милан беше поврзано со поранешните фудбалери кои се вратија и не го исполнија стандардот. Која е разиката кај мене? Одговорив дека едноставно не ја загубив страста за тоа што го правам. Кога ќе излезам на теренот сум како мало дете кое јаде благо првпат во животот. Животот носи предизвици и почнав да размислувам дали да продолжам. За мене големиот предизвик беше да се вратам тука и да го сменам менталитетот, а не ситуацијата, да ги натерам што значи Милан. Милан кој јас го познавам, Милан кој цел свет го познава“, вели Ибрахимовиќ во интервју за УЕФА.

Тоа очигледно, барем засега, му успева – фудбалерите на Милан денеска се појавиле на тренинг, иако тренерот Стефано Пиоли им дал слободен ден.

Share
Scroll to Top