Ибра повторно промаши пенал, Милан победија во Болоња

Ибра повторно промаши пенал, Милан победија во Болоња

пред 3 години

Фудбалерите на Милан победија во Болоња со 2:1 и се одлепија од Интер на челната позиција, на пет бода. Интер вечерва, во 20.коло. ќе гостува кај Беневенто.

Милан од почтокот притисна кон голот на Болоња, а во 26.минута Леао избори пенал. Кога топката ја зеде Златан Ибрахимовиќ, на празниот стадион одекнаа зборовите на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ: „Не знае да шутира пенали, биди мирен“.

Скорупски го одбрани пеналот, меѓутоа на одбиената топка налета Анте Ребиќ и погоди за 0:1.

Ибрахимовиќ од почетокот на сезоната нема реализирано четири удари од белата точка, три од нив на натпревари во Серија А.

По водечкиот гол играчите на Милан не реализираа неколку добри шанси, а во 55.минута добија уште еден пенал. овој пат Франк Кесие погоди за 0:2.

Конечниот резултат го постави Андреа Поли, инаку поранешен играч на милан, во 80.минута.

Share
Scroll to Top