Јокиќ ги „искуба“ пеликаните, „јастребите“ повторно победуваат

Јокиќ ги „искуба“ пеликаните, „јастребите“ повторно победуваат

пред 3 години

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа со 113-108 беа подобри од Њу Орлеанс Пеликанс. Најдобар кај Нагетси повторно беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 37 поени, 9 асистенции и 6 скока.

На „пеликаните“ не им помогнаа ниту 39-те поени на Зајон Вилијамсон кој имаше и 10 скока, но немаше поддршка од соиграчите.

Кај Денвер се истакнаа и Мајкл Портер со 25, но и Џемал Мареј со 23 поени.

Атланта Хоукс повторно се врати на победите. Солиден придонесе во триумфот од 124-108 на мечот со Голден Стејт имаше Србинот Богдан Богдановиќ со 11 поени.

Сепак, триумфот на Аталанта е пред се заслуга на Џон Колинс кој броеше до 38, а Тре Јанг мечот го заврши со 21 поен.

Кај Вориорси Ендрју Вигинс уфрли 29 поени, а Џејмс Вајсман броеше до 18.

Ноќешни НБА резултати:

Детроит – Бруклин 111-113
Милвоки – Бостон 114-122
Торонто – Феникс 100-104
Шарлот – Мајами 110-105
Минесота – Хјустон 107-101
Њу Орлеанс – Денвер 108-113
Орландо – Портланд 105-112
Далас – Индијана 94-109
Јута – Мемфис 117-114
Голден Стејт – Атланта 108-124
ЛА Клиперс – Кливленд 100-86

Share
Scroll to Top