Ивршена обдукција врз телото на Марадона

Ивршена обдукција врз телото на Марадона

пред 3 години

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, почнал од акутна, конгестивна и хронична срцева инсуфициенција, потврдила обдукцијата.

Во лекарскиот извештај се наведува дека основниот проблем бил предизвикан од акутен едем на белите дробови.

Обдукцијата ја извршил тим од шест експерти по судска медицина, во болницата во Сан Фернандо. Процесот траел повеќе од три часа, петмина лекари делегирале властите, а еден семејството на починатиот Марадона.

Аргентинските медиуми пренесоа дека била извршена и токсиколошка анализа, која треба да утврди дали во телото на Марадона имало алкохол или дрога.

Диего Армандо Марадона, почина во средата од срцев удар, во својот дом во Тигре.

Share
Scroll to Top