„Играчите до смрт ќе бидат со Зидан“

„Играчите до смрт ќе бидат со Зидан“

пред 3 години

Реал Мадрид и оваа сезона ќе се бори за трофеите во сите натпреварувања, во ко настапува, тврди десниот бек на овој клуб, Дани Карвахал.

„Кралскиот клуб“, се наоѓа на четвртото место во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите, во првите три натпревари освои четири бода.

„Тешко е, распоредот е напорен, натпревари се играат секои три дена. Не барам оправдување, но така стојат работите. Покрај тоа, се повеќе имам повредени играчи. Но, ние имаме добар тим, ќе се обидеме да победиме во секој натпревар, ќе се бориме за сите трофеи оваа сезона. Немојте да се сомневате во нас“, рекол Карвахал.

По поразот во валенсија, а претходно и по поразите од Кадиз и Шахтјор, медиумите најмногу го критикуваат тренерот Зинедин Зидан.

„До смрт ќе бидеме со тренерот. Неговата филозофија е јасна, сите сме заедно во оваа игра, што значи дека сите заедно се движиме во ист правец. Тоа е она што со години го правиме“, заклучил Карвахал, кој поради повреда еден месец не може да им помогне на соиграчите.

Според прогнозите, Карвахал, на тимот ќе им се приклучи до крајот на месецот.

Share
Scroll to Top