Играч на Интер доаѓа во Црвена звезда

Играч на Интер доаѓа во Црвена звезда

пред 3 години

Српскиот шампион Црвена звезда, во јануарскиот преоден рок, ќе пазари во Интер. Клубот ќе се засили со францускиот интернационалец Аксел Бакајоко. 22-годишниот фудбалер може да игра на двете крилни позции во нападот.

Бакајоко за Интер дебитирал во 2016 година, во Лига Европа, против Спарта Прага. Сепак не успеа да се избори со силната конкуренција што владее во Интер. Две години играше како позајмен фудбалер во Сошо и Сент Гален.

Црвена звезда со овој фудбалер ќе потпише три и пол годишен договор. Според српските медиуми тој договорил месечна плата од 12.000 евра. Црвена звезда нема да плати обесштетување, туку ќе се обврзе на уплати во касата на Интер 15 отсто од следниот трансфер.

Share
Scroll to Top