„Измамени сме, ОИ немаат смисла“

„Измамени сме, ОИ немаат смисла“

пред 3 години

Актуелните олимписки и светски шампиони, ракометарите на Данска, не се задоволни со рестрикциите во Токио. Данците за одбрана на златниот медал се подготвуваа на Окинава, во луксузен хотел, во кој не можеле ништи да прават, дозволено им било само да тренираат.

Селекторот на националниот тим на Данска, Николај Јакобсен, не може да ја разбере поентата на одржувањето на Олимписките игри.

„Морам да ви кажам дека нема логика ОИ да се одржуваат под вакви услови. Не разбирам. Имам впечаток дека ова се прави за луѓето кои не се во спортот, а на штета на спортистите, поради кои ОИ би требало да постојат“, рекол Јакобсен.

„Да знаевме дека ќе биде вака на Окинава, немаше да одиме таму, веднаш ќе се префрлевме во Токио. Таму барем знаеме дека движењето е строго ограничено и дека се следи преку Џи-пи-ес“.

Share
Scroll to Top