Израел ја победи Шпанија во Валенсија

Израел ја победи Шпанија во Валенсија

пред 3 години

Кошаркарската репрезентација на Шпанија, на домашен терен, загуби од Израел 87:95, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Ова е втор пораз на Шпанија на домашен терен во овие квалификации, во февруари „црвената фурија“ загуби од Полска.

Шпанија има победа и два порази во групата, во која Израел е со максимален учинок, а Полска има две победи и еден пораз. Сепак Шпанците не би требало да имаат проблеми да се пласираат на ЕП бидејќи во понеделник ќе играат против Романија, најслабата селекција во групата.

Израел до триумфот над актуелните светски шампиони го предводеа Тамир Блат со 21 поен, односно Гаел Мекел со 18 и Џејк Коен со 17 поени. Најдобар кај Шпанија беше Квино Колом со 24 поени.

Share
Scroll to Top