Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди, е блиску до изненадувачка преселба во Реал Мадрид во јануари, објави Радио Марка. Тој тврди дека напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (30) е многу блиску до трансфер во Реал во јануари. Поранешниот напаѓач на Интер и ПСЖ и претходно беше поврзуван со Реал, но сега приказната е многу посериозна. Аргентинецот во јануари би се преселил во Реал, а би заработил осум милиони евра плус бонуси.
Икарди оваа сезона во турскиот шампионат постигна 12 гола и забележа пет асистенции. Во Лигата на шампионите постигна гол против Манчестер Јунајтед, како и против Баерн, иако Галатасарај беше елиминиран уште во групната фаза. Трансфермаркт го процени Аргентинецот на 20 милиони евра.