Икарди е спасителот на „Светците“ – Лион падна во 92. минута

Икарди е спасителот на „Светците“ – Лион падна во 92. минута

пред 3 години

Луда победа на ПСЖ со гол во 92 минута. Не е херојот Лео Меси, ниту Нејмар, а не е ниту Мбапе, туку Мауро Икарди. На „Паркот на принцовите“ во Париз поразен е Лион со 2-1.

Гостите водеа од 54 минута. Екс-играчот на Милан, Пакета погоди за 0-1.

Со сите ѕвезди во тимот, ПСЖ почна да притиска за израмнување. „Светците“ се изборија за пенал во 66 минута. Сигурен реализатор Нејмар за 1-1.

Во 76 минута Меси беше повлечен од игра, на негово место влезе Хакими. При излегувањето од теренот Аргентинецот одби да се ракува со својот тренер.

По неуспехот кај Клуб Бриж во ЛШ, ПСЖ во самит финиш се спаси од ново разочарување.

Мауро Икарди со одличен удар со глава носи голема радост за домашните навивачи.
ПСЖ сега има 6 победи во исто толку меча во Лига 1, и е на +5 бода од Марсеј кој има меч помалку одиграно.

Share
Scroll to Top