Икер Касиљас и Сара Карбонеро веќе не се заедно!

Икер Касиљас и Сара Карбонеро веќе не се заедно!

пред 4 години

Нивниот бакнеж пред тв камерите во 2010 година влезе во историјата како еден од највпечатливите моменти на славните личности. Тогаш, легендарниот голман на Реал Мадрид со Шпанија го освои фудбалскиот Мундијал, а првото интервју по финалето го даде за – Сара Карбонеро.

По нешто повеќе од 10 години тие двајца се разведоа, ова е веста на денот во Шпанија.

Весникот „Lekturas“ објави вест дека Сара и Икер веќе не се заедно. Од медиумот информираа дека новинарката и екс-голманот веќе со недели не живеат заедно. Ја прашаче Карбонеро за коментар, таа не сакала да даде изјава.

На почетокот на минатиот месец се уште се изгледало складно, Икер го честитал 37-от роденден на Сара на Инстаграм, а неколку дена подоцна биле видени во јавност заедно.

Потоа, според информациите, Икер се преселил во луксузниот апартман во Мадрид, а Сара останала да живее во семејната куќа.

Тие двајца официјално се венчаа на 20 март 2016 година, а ги имаат ќерката Мартина која е родена во 2014 година и синот Лукас кој е роден во 2016 година.

Две семејни несреќи ги потресоа изминатите години.

Најпрво Икер во мај 2019 година доживеа срцев удар на тренинг на Порто, а 3 недели подоцна Сара дознала дека има рак
на јајник.

Share
Scroll to Top