Иличиќ за депресијата: Јас почувствував ударот од КОВИД-19 на своја кожа

Иличиќ за депресијата: Јас почувствував ударот од КОВИД-19 на своја кожа

пред 3 години

Ѕвездата на Аталанта, Јосип Иличиќ призна дека тој лично го почувствувал ударот од КОВИД-19 откако му беше доделена награда во име на градот Бергамо, која ја посвети на сите „кои страдаат“.

Словенецот ја доби наградата „Премио Дарданело“ од спортскиот весник „Тутоспорт“ како зрак светлина и надеж во тажните месеци кога Бергамо беше најпогоден од вирусот. Иличиќ, пак, во ваква атмосфера падна во депресија и три месеци беше надвор од фудбалот.

„Јас лично го почувствував ударот од КОВИД. Се надевам дека сите ќе излеземе од оваа ситуација што е можно побргу. Наградата не е само за мене, туку за целиот тим и целиот град. Поминавме низ многу тешки моменти. Оваа награда е за сите кои страдаат. Не е во ред да се живее вака, посебно за тие луѓе кои работат 24 часа дневно. Се надевам дека наскоро ќе се вратиме во нормален живот“, изјави Иличиќ.

Share
Scroll to Top