„Имаме играчи кои се тука четири години и не знаат англиски“

„Имаме играчи кои се тука четири години и не знаат англиски“

пред 16 минути

Менаџерот на Нотингем Форест, Оливер Гласнер (52), изјави дека стандардите во клубот не биле доволно високи по неговото доаѓање и ги критикуваше играчите кои, дури и по многу години во Англија, не зборуваат англиски, пренесува „“.

Австрискиот тренер го напушти Кристал Палас ова лето и ги презеде „Шумарите“, но на поранешниот двократен европски шампион не му оди најдобро.

Форест е домаќин на Челзи во петок како прв тим над зоната за испаѓање, со само две победи во првите 11 кола од Премиер лигата.

„Стабилноста во една организација подразбира постоење на стандарди. Да бидам целосно искрен, стандардите не беа доволно високи. Имаме играчи кои се тука четири години и не знаат англиски. Ако одите во Италија, по три месеци секој играч дава интервју на италијански“, рече Оливер Гласнер.

Австриецот додаде дека прилагодувањето на јазикот на околината е прашање на лична одговорност:

„Ако сакам да бидам тренер во Англија, морам да зборувам англиски. Ако сакам да работам во Италија, морам да зборувам италијански. Инаку, ако сакате да го зборувате вашиот дијалект, останете дома во Австрија, таму сите ве разбираат, но никаде на друго место.“

Гласнер изјави дека клубот се соочува со преодна сезона во која се бара долгорочна стабилност, а во понеделник во Лондон разговарал со грчкиот сопственик Евангелос Маринакис за засилувања за јануари, кога Нотингем Форест би можел да доведе до пет нови играчи.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top