Им пропадна планот со Упамекано – Јунајтед се вртат кон Жил Кунде

Им пропадна планот со Упамекано – Јунајтед се вртат кон Жил Кунде

пред 4 години

Приоритет на Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, ќе биде тимот да се засили во нападот, со класична „деветка“ и во централниот дел од одбраната.

Долго време, Манчестер јунајтед се поврзуваа со Дајот Упамекано, но откако младиот Французин постигна договор со Баерн Минхен, клубот од „Олд Трафорд“ радарот го насочи кон Севилја и играчот на овој клуб, Жил Кунде.

Наводно , Манчестер јунајтед, биле подготвени да платат 70 милиони фунти за 22-годишниот фудбалер.

Кунде е желба на неколку моќни клубови, се шпекулира дека за неговиот потпис со Јунајтед ќе се борат Реал Мадрид и ПСЖ.

Share
Scroll to Top