Инзаги: Никогаш не престанавме да веруваме дека овој Интер е тим за големи нешта

Инзаги: Никогаш не престанавме да веруваме дека овој Интер е тим за големи нешта

пред 11 месеци

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го предводеше тимот до првото финале во Лигата на шампионите по 2010 година, кога генерацијата на Горан Пандев ја освои тројната круна.

„Нероаѕурите“ го елиминираа Милан со две победи (2:0 и 1:0), а во финалето го очекуваат подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Во следните неколку дена ќе сфатиме што постигнавме. На почетокот на сезоната тоа беше само сон, но ние верувавме во себе. Уште позадоволувачки е што во полуфиналето го елиминиравме градскиот ривал Милан. Можам само да им честитам на момците. Покажаа сила, решителност и концентрација. Победивме четири дербија по ред од јануари, а Милан е многу силен тим, беа шампиони минатата година. Сето ова не може да не нѐ израдува и заслужено славиме“, изјави среќниот Инзаги.

Интер го издржа тешкиот дел од сезоната, а сега е дел од две финалиња.

„Одамна реков дека на секој натпревар и на секое натпреварување ќе пристапиме максимално посветено. По 1 април имаме натпревари на секои 48 или 72 часа, но сме во две финалиња и се враќаме на вистинскиот пат во Серија А. Знам каде имав поддршка во тешки времиња и од каде доаѓаа нападите. Благодарност до луѓето во стручниот штаб кои никогаш не престанаа да веруваат во мене. Заедно постигнавме одлични резултати и најинтересното допрва следи“, истакна тренерот на Интер.

Share
Scroll to Top