Интер Мајами ги обедини браќата Игуаин

Интер Мајами ги обедини браќата Игуаин

пред 4 години

Гонзало Игуаин ќе има добро познат соиграч во Интер Мајами, откако МЛС клубот на Дејвид Бекам потврдија дека потпишале договор со неговиот постар брат Федерико.

35-годишниот Федерико Игуаин доаѓа од Ди Си јунајтед, каде што беше играч и тренер, откако осум години играше во Колумбус кру. 32-годишниот Гонзало пак, пристигна во Мајами од Јувентус во септември.

Последен пат, двајцата браќа Игуаин играа во ист клуб пред 15 години во Ривер Плата, иако Федерико не успеа да биде стандарден првотимец. Тој потоа играше во аргентинскиот второлигаш Нуева Чикаго, во Бешикташ, во мексиканската Америка и во аргентинските клубови Индепендиенте, Годој Круз и Колон, пред да пристигне во МЛС со Колумбус во 2012 година, каде што имаше 61 гол и 68 асистенции во 217 мечеви.

Share
Scroll to Top