Интер признаа дека на клубот му треба „финансиска помош“ и дека платите се преголеми

Интер признаа дека на клубот му треба „финансиска помош“ и дека платите се преголеми

пред 3 години

Во ситуација кога Интер се одвои на врвот на табелата во Серија А, доаѓа лошата вест од финансискиот директор на клубот, Тим Вилијамс, кој потврди дека платите во тимот се повисоки од „оптималната височина“ и дека „Сунинг групацијата“ преговара да добие „финансиска помош“.

Вилијамс, иако си поднесе оставка во јануари, продолжува да ја работи својата работа и одговараше по шпекулациите дека кинеските газди сакаат да го продадат тимот.

„Како и многу клубови, во Италија и во цела Европа, се договоривме за одложувања на дел од исплатите за да ракуваме подобро со капиталот, но тоа се направи со согласност на сите страни. Иако ‘Сунинг’ потврдија дека финансиски ќе го поддржуваат клубот, во моментов исправен потег е да се гледа на надворешни инвеститори. Веќе се ангажирани консултанти во Азија за да се пронајдат партнери на клубот. Преговорите продолжуваат. Ако имаме можност да ги намалиме платите и да генерираме дополнителни средства, тогаш ќе го направиме тоа“, вели Вилијамс.

Веќе неколку месеци се шпекулира дека „Сунинг“ бара голем инвеститор кој би купил дел од тимот, или целосно би го откупил. Засега најсериозен кандидат е британската компанија „БТ капиталс“.

Share
Scroll to Top