Интер се спаси од елиминација од второлигашот Парма

Интер се спаси од елиминација од второлигашот Парма

пред 1 година

На Интер им беа потребни продолженија за да стигнат до тешка 2:1 победа над Парма во осминафиналето на Копа Италија, откако беа пред елиминација во регуларните 90 минути од тимот предводен од ветеранот Џанлуиџи Буфон на голот.

Парма стигна до водство во 38. минута од мечот со прекрасниот гол од далечина на хрватскиот интернационалец Станко Јуриќ, и „нераѕурите“ немаа удар на голот повеќе од 80 минути игра, пред Лаутаро Мартинез да израмни во 88. минута од мечот.

Според правилата на Копа Италија, вечерва мораше да има победник во дуелот, бидејќи по продолженијата ќе се одеше на пенали. Навивачите на Парма се надеваа на Буфон во потенцијалната пенал-серија, пред Федерико Ачерби во 110. минута да ги однесе Интер во четврт-финале.

Share
Scroll to Top