Третолигаш го елиминираше Баерн Леверкузен

Третолигаш го елиминираше Баерн Леверкузен

пред 3 години

Членот на Регионалната лига Запад, Рот-Вајс Есен, приредија вистинска сензација во Купот на Германија. Во осмина-финалето тие го елиминираа Баер Леверкузен со победата од 2:1. Осмина-финалето го минаа и фудбалерите на Кил, кои по изведувањето на пенали беа подобри од Дармштад.

Рот-Вајс Есен, по 120.минути голема борба го елиминираа тимот кој се бори за пласман во Лигата на шампионите и кој избори пласман во 1/16-финалето во Лига Европа.

По 90.минути игра немаше голови, а во првото продолжение Бејли, во 105.минута, постигна гол за Леверкузен. Меѓутоа „фрамацевитите“ само три минути ја имаа предноста, израмни Кефкир.

Сензацијата ја комплетираше Енгелсман во 117.минута.

Кил, во претходната рунда, по изведувањето на пенали го елиминираа Баерн Минхен, а сега на идентичен начин го минаа и Дармштад. Мечот заврши 1:1, по 120.минути игра, а по избедувањето на пенали Кил славеа со 7:6.

Share
Scroll to Top