Интер ја одредиле цената за Лукаку

Интер ја одредиле цената за Лукаку

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Интер, во летниот преоден рок, ќе мора да продаде еден или двајца од своите најдобри играчи. „Кориере дело Спорт“, тврди дека Интер веќе ја одредиле цената за Ромелу Лукаку.

Финансиската криза жестоко ја погоди компанијата „Сунинг“, во чија сопственост се наоѓа Интер. Поради тоа „Сунинг“, бараат партнери на кои би им продале дел од акциите на клубот. Покра тоа новиот партнер би морал да вложи од одредена сума на пари.

Додека тоа не се случи, Интер, финансиските проблеми ќе ги решава со продажба на фудбалерите кои на пазарот имаат најголема вредност.

„Кориере дело Спорт“, тврди дека Лукаку, ќе го напушти клубот доколку некој издвои 120 милиони евра. Се шпекулура дека интерес за Лукаку покажуваат Манчестер сити и Барселона.

Лукаку во Интер пристигна во 2019 година од Манчестер јунајтед за 80 милиони евра. Белгиецот има одиграно 85 натпревари, на кои постигнал 59 голови.

Share
Scroll to Top