Инфантино: Давам црвен картон на идејата за сини картони

Инфантино: Давам црвен картон на идејата за сини картони

пред 9 месеци

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино денеска изјави дека нема да се воведува син картон во фудбалот.

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ) треба да размисли да ги прошири тестирањатаза сини картони во пониските лиги. Судијата синиот картон ќе го покажува за груби фаули, кои не се за исклучување или за непочитување на играта или противниците. Циниот картон предвидува играчот да биде исфрлен од теренот на 10 минути.

„Да бидам јасен – давам црвен картон на идејата за сини картони. Нема да има употреба на сини картони во елитниот фудбал. Тоа е непостоечка тема за нас и ФИФА е целосно против сините картони“, им изјави Инфантино на новинарите во Лох Ломонд во близина на Глазгов, каде што ќе се одржува состанок на челниците на светската куќа на фудбалот.

Скоро сите се побунија против сините картони, од тренерите и играчите до навивачите. Инфантино додаде дека ФИФА е заинтересирана да ги слушне сите предлози, но дека сака да ја зачува традицијата на фудбалот и неговата суштина.

Панелот на ИФАБ е составен од претставници на ФИФА и четирите британски фудбалски федерации. ФИФА има четири гласа, а асоцијациите на Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс по еден. За да се одобри предлогот потребни се шест гласа.

Share
Scroll to Top