„Кошарката е како сексот, не можеш да збориш за неа ако не си пробал“

„Кошарката е како сексот, не можеш да збориш за неа ако не си пробал“

пред 3 години

Поранешниот НБА кошаркар, Стефон Марбери вели дека не може со секого да полемизира за кошарка, ако тој некој не бил на неговото ниво, на паркетот.

„Не може нешто да ми објаснувате за кошарка ако никогаш не сте играле на ова ниво. Ако никогаш не сте имале секс, не можете да зборувате за тоа како се води љубов“ вели Марбери.

Екс-кошаркарот во НБА настапуваше од 1996 до 2019 година, за екипите на Минесота, Њу Џерси, Феникс, но најголема трага остави во екипата на Њујорк Никс.

На 33 години одлучи кариерата да ја продолжи во Кина и таму стана кошаркарско „боженство“. Играше до 41 година.

Моментно е тренер на Пекинг Ројал Фајтерс.

Share
Scroll to Top