„Инфантино сака да станеме Северна Кореја. Ако му се живее таму нека оди, јас не го сакам тоа“

„Инфантино сака да станеме Северна Кореја. Ако му се живее таму нека оди, јас не го сакам тоа“

пред 3 години

Контроверзниот менаџер Мино Рајола го крена гласот против првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој сака во фудбалот да воведе „селери кеп“. Првиот човек на светската куќа на фудбалот, сака да им ги ограничи платите на фудбалерите. Ова му пречи на еден од најдобрите фудбалски менаџери во светот.

„Живееме во светот на капитализмот, а Џани Инфантино сака да станеме Северна Кореја. Ако сака нека оди, нека живее во Северна Кореја, јас не го сакам тоа“, рекол Рајола на Светскиот фудбалски самит.

„Како можете да го ограничите талентот? Треба ли да се стави „селери кеп“ на делата на Леонадро да Винчи или Рембрант? Зошто тогаш да не го воведеме и за актерите, новинарите, уметниците?“, лутито говорел Рајола и дополнил.

„Фудбалскиот пазар повеќе не функционира онака како што би сакале во ФИФА, бидејќи сега последниот збор го имаат фудбалерите. Доколку воведеме „селери кеп“ во фудбалот, тогаш треба да биде воведен на сите ниво. Ограничите ги платите на клупските директори, ограничите ги фудбалските трансфери, цените на влезниците“.

Рајоло е еден од највлијателните фудбалски менаџери, негови клиенти се Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Џиџи Донарума.

Share
Scroll to Top