Иско им се жали на соиграчите за третманот што го има кај Зидан

Иско им се жали на соиграчите за третманот што го има кај Зидан

пред 4 години

Реал, во саботата, победи во Барселона со 3:1 и ја прекина серијата до два порази. Тренерот Зинедин Зидан, направи неколку измени во составот за овој меч, кои на крајот му ја донесоа победата.

Иско, беше во тимот, но победата на соиграчите ја гледаше од клупата. Поранешниот играч на Малага, долго врмее не може да се врати во вистинската форма. Сезонава има одиграно 148 минути, против Шахрјор не играше, а против Кадиз беше заменет во полувремето.

Камерите го уловиле Иско како пред соиграчите пред Модиќ, Јовиќ, Марсело, Лукас Васкез и Едер Милитао се жали на третманот што го има кај тренерот.

„Доколку реши да ме замени тогаш играм 50 или 60 минути, некогаш тоа го прави и на полувремето. Ако реши да играм, тогаш шанса добивам во 80 минута“.



Share
Scroll to Top