Исчезнатиот олимпиец со порака: Не се враќам во Уганда, ќе живеам во Јапонија!

Исчезнатиот олимпиец со порака: Не се враќам во Уганда, ќе живеам во Јапонија!

пред 3 години

Кревачот на тегови од Уганда Џулиус Секитолеку (20) кој со националниот тим е во Јапонија, за да учествува на ОИ дефинитивно побегнал откако вчера се појави информацијата дека е исчезнат од хотелот каде што биле сместени.

Официјалните лица виделе дека го нема спортистот кога не доставил примерок за Ковид тест. Веднаш неговите колеги отишле во неговата хотелска соба, но таа била празна.

Кревач на тегови од Уганда исчезна во Јапонија

Започнала потрага, а вклучена била и полицијата.

Денеска се открива дека всушност Секитолеку, кој потекнува од сиромашно семејство, има желба да остане во Јапонија, а оставил и писмо за простување. Во него пишувало:

„Сите мои работи предајте и ги на мојата сопруга. Не сакам да се вратам во Уганда, ќе останам да живеам во Јапонија“.

Полицијата успеала да го лоцира на неколку снимки од камерите, а забележан бил и на железничка станица и се претпоставува дека купил карта за Нагоја.

Секитолеку беше дел од деветчлениот тим на Уганда кој сепак не успеа да ги постигне нормите предвидени за настап на ОИ, па тимот, засега без бегалецот, се враќа во татковината уште пред Олимпијадата да започне.

Share
Scroll to Top