Италијанците веруваат дека постои „англиски заговор“ против нив на ЕУРО 2020

Италијанците веруваат дека постои „англиски заговор“ против нив на ЕУРО 2020

пред 3 години

Италијанскиот спортски весник „Ил кориере дело спорт“ денеска излезе со една апсурдна теорија на заговор дека поставувањето на англискиот судија Ентони Тејлор за осминафиналниот дуел на „аѕурите“ против Австрија на „Вембли“ е дел од поширок заговор против нив.

Уредникот на весникот, Иван Ѕацарони посочува дека италијанската влада побарала преместување на последнтие мечеви од ЕУРО 2020 од Лондон, и смета дека поради тоа УЕФА и Англија ја казнуваат Италија.

Покрај тоа, Ѕацарони смета дека Италијанците се посрамотиле кога не клекнале за поддршка за Black Lives Matter на мечот со Велс, и посочува дека Англичаните заедно со УЕФА сакале да им отежнат на Италијанците со поставувањето на Тејлор како судија.

„Дали се работи за чиста случајност? Тешко е да се верува“, заклучува уредникот.

Share
Scroll to Top