Барселона (барем привремено) се одвои на 5 поени пред Реал Мадрид на првото место на табелата во шпанската Ла лига, откако во контроверзен меч стигна до 1:2 победа кај Осасуна, и покрај тоа што Роберт Левандовски доби контроверзен црвен картон, како и Жерард Пике, за кого ова требаше да биде последен меч во кариерата.
Давид Гарсија го шокираше каталонскиот клуб уште во шестата минута за рано водство на Осасуна, меѓутоа клучниот (и најконтроверзниот) момент се случи во 32. минута, кога судијата Хил Манзано му покажа црвен картон на Роберт Левандовски откако одлучи дека ударот со лакт во еден воздушен дуел беше доволен за втор жолт картон и исклучување.
In isolation this challenge is stupid. But when you’re already on a yellow this is bafflingly moronic. pic.twitter.com/Ia9ENNUnJ6
— 🪄🇳🇱 (@FDJChief) November 8, 2022
Y este gesto de Lewandowski haciendo como que el árbitro está “drogado” seguramente le van a dejar pasar.
Vía libre, como siempre. pic.twitter.com/7RKoWYJqcw
— Curva Madridista (@curvamadridista) November 8, 2022
Полјакот предизвика уште контроверзи кога излегуваше од теренот, кога како да сакаше да покаѓе дека судијата е дрогиран, а драмата продолжи и на полувреме, кога Жерард Пике, кој беше на клупата и требаше да влезее во второто полувреме во својот последен меч, доби црвен картон поради расправијата со судијата Манзано.
Sent off in his final game for Barcelona.
From the bench. 🟥 pic.twitter.com/1xHTLpAsKX
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 8, 2022
И покрај ова, Педри во 48. минута со одличен гол им даде надеж на гостите дека е можен пресврт и со десет играчи, пред Рафиња, кој влезе во игра во 78. минута, во 85. минута даде убав гол со глава за 1:2 победа.
Барса сега, по 14 меча има 37 поени на врвот на Ла лига, пред Реал со 32 по 13 одиграни мечеви и Атлетик Билбао далеку на третото место со 24 поени.