И претседателот на ФИФА е заразен со Ковид 19

И претседателот на ФИФА е заразен со Ковид 19

пред 3 години

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино (50) е позитивен на коронавирусот. Според информациите, тој се чувствува добро и наредните две недели ќе ги помине во изолација.

Од Светската фудбалска федерација соопштија дека сите кои биле со Инфантино во контакт минатите денови ќе бидат во самоизолација.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е заразен со коронавирус и денес доби позитивен тест. Тој пред десетина дена почувствувал благи симптоми и од тогаш е во самоизолација и ќе остане во карантин уште десетина дена. Сите луѓе кои имале контакт со него се известени и замолени да ги преземат потребните мерки. ФИФА на својот претседател му посакува брзо закрепнување“ стои во официјалното соопштение.

Share
Scroll to Top