Кабак од Шалке во Ливерпул

Кабак од Шалке во Ливерпул

пред 4 години

Откако им пропадна трансферот на Хрватот од Олимпик Марсеј, Дује Ќалета-Цар, Ливерпул и Јирген Клоп, најдоа централен дефанзивец во Бундеслигата. „Скај спорт“, објави дека Ливерпул и Шалке се договориле, Озан Кабак, до крајот на сезоната како позајмен играч да настапува на „Енфилд“.

„Скај спорт“, во детали го опишува договорот, но за да биде реализиран Шалке ќе треба во наредните часови да донесе замена за Кабак. Шалке со Арсенал се во преговори за Шкодран Мустафи. Арсенал за својот фудбалер бара 2.000.000 евра.

Ливерпул за позајмицата ќе плати 3.000.000 евра и ќе може по завршувањето на сезоната да го откупи договорот на Кабак.

Трансфер-пазарот во Германија се затвора во 18 часот, додека во Англија трае до полноќ.

Share
Scroll to Top