Мизеријата на Шалке продолжи со Баер – 26 меча без победа!

Мизеријата на Шалке продолжи со Баер – 26 меча без победа!

пред 3 години

Шалке утна пенал и ја продолжи неверојатната мизерна серија во Бундеслигата на 26 меча без победа, откако дома загубија со 0:3 од Баер Леверкузен.

Славниот клуб од Гелзенкирхен сега е на само пет меча од неславниот рекорд од 31 меч без победа во Бундеслигата кој го држи Тасманија Берлин во сезоната 1965/66, откако последен пат славеа во јануари, односно пред пандемијата на КОВИД-19.

Малик Тиав си постигна автогол уште во десеттата минута, пред Јулијан Баумггартлингер во 67. минута да зголеми на 0:2. Сепак, Шалке имаа шанса да го намалат ова водство четири минути подоцна со досуден пенал, но Стивен Скрзибски двапати не успеа да го погоди голот. Патрик Шик во 78. минута стави точка на натпреварот.

Share
Scroll to Top