Каква пандемија? Канело и Саундерс ќе боксуваат пред 100.000 луѓе!

Каква пандемија? Канело и Саундерс ќе боксуваат пред 100.000 луѓе!

пред 3 години

Мексиканската боксерска сензација Саул „Канело“ Алварез ќе се судри со британскиот предизвикувач Били Џо Саундерс на 8 мај пред 100.000 луѓе на „АТ&T стадионот“ во Тексас, во спортско натпреварување пред најмногу гледачи од стартот на пандемијата на КОВИД-19.

Мечот за обединување на титулите во супер-средна категорија меѓу фантастичниот Канело и непоразениот Саундерс, беше во преговори подолго време, а сега „ДАЗН“ потврди дека мечот ќе се оддржи на стадионот на НФЛ гигантот, Далас каубојс. Вообичаено на супер-модерниот стадион има 80.000 гледачи за НФЛ натпревари, но може да стигне до 100.000 гледачи, посебно сега откако Тексас ги „олабави“ правилата за собирање.

Алварез веќе има боксувано на истиот стадион во 2016 година кога го уништи сонародникот на Саундерс, Лајам Вилијамс, но сега е далеку поголема ѕвезда и боксер кој е сметан за најдобриот на светот во моментов без разлика на категоријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul Alvarez (@canelo)

Share
Scroll to Top