Калин Ивановски доминантно се пласира во второто коло на турнирот во Австрија

Калин Ивановски доминантно се пласира во второто коло на турнирот во Австрија

пред 1 година

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски лесно ја мина првата пречка на фјучерс турнирот во австрискиот град Крамсах. Тој во првото коло го победи домашниот тенисер Петер Голдстејнер со 2-0 во сетови (6;1, 6:0).

Ивановски беше доминантен и му дозволи на Австриецот да освои само ден гем на овој меч.

Македонскиот тенисер е втор носител на турнирот и во следното коло ќе игра против уште еден домашен тенисер Сил Гаџери, кој на турнирот настапува со вајлд карта.

Гаџери во првото коло беше подобар од својот сонародник Грегор Хаусбергер со 2:0 во сетови.

Share
Scroll to Top