Камбекот на Алонсо бил уништен од хартија за сендвич!

Камбекот на Алонсо бил уништен од хартија за сендвич!

пред 3 години

Првата трка на двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо по пауза од две години доби предвремен крај откако отфрлена хартија за сендвич предизвикала неговиот болид да прегрее за време на вчерашната трка во Бахреин, откри неговиот тим Алпине Ф1.

39-годишниот Шпанец имаше солидна трка пред во 32. круг да се повлече во боксот откако забележа дека температурата на сопирачките одеднаш нагло пораснала.

„По првото влегување во боксот имавме мал проблем по кој моравме да ги намалиме перформансите на болидот, а потоа по второто влегување, една хартија за сендвич беше заглавена во сопирачките на Фернандо по што се разви голема температура и можеше да има оштетувања на сопирачките. Затоа моравме да го повлечеме од трката, да не ризикуваме инцидент. Навистина лоша среќа“, вели извршниот директор на Алпине, Марсин Будковски.

Алонсо, шампионот од 2005 и 2006 со тимот на Рено (кој сега се вика Алпине Ф1) беше седми на стартот на трката.

„Штета, но беше убаво да се вратам на тркањето, да се почувствува адреналинот на стартот, националната химна“, вели Алонсо.

Следната трка на календарот е Емилија Ромања ГП трката на славната Имола на 18 април.

Share
Scroll to Top