Камбекот на Бензема, засега одбележан со одбранет пенал!

Камбекот на Бензема, засега одбележан со одбранет пенал!

пред 3 години

Карим Бензема го игра својот прв меч за француската репрезентација по повеќе од пет години пауза, откако беше стартер во тимот на Дидие Дешам за пријателскиот дуел со Велс, и првата голема шанса не ја искористи!

Откако беше досуден пенал за актуелниот светски шампион, Бензема доби шанса да стрела од белата точка во 27. минута, но неговиот удар заврши во рацете на голманот на Велшаните, Дени Ворд. За среќа на „триколорите“, тука беше Килијан Мбапе, кој во 35. минута од мечот ги донесе во водство.

Share
Scroll to Top