Канга се граба за куферот со цариник на аеродромот во Белград

пред 3 години

Фудбалерот на Црвена звезда, Гелор Канга, предизвикал мал инцидент на аеродромот во Белград, при враќањето од Чешка. Неговиот тим, во четвртокот, гостуваше во Либерец, во последното коло од фазата по групи во Лига Европа.

На Канга не му се допаднало што неговиот куфер требало да оди на дополнителна контрола. Во еден момент тој започнал да се граба со цариникот.

Поголем скандал спречил еден од неговите соиграчи., успеал да го смири темпераментниот Габонец.

Снимката од безбедносните камери сепак некако завршила на социјалните мрежи. Прашање е дали клубот ќе го казни Канга за овој непримерен гест.

 

Share
Scroll to Top