Кандидатурата за ЕУРО 2028 без „Енфилд“ и „Олд Трафорд“!

Кандидатурата за ЕУРО 2028 без „Енфилд“ и „Олд Трафорд“!

пред 2 години

Легендарните стадиони на Манчестер јунајтед и Ливерпул, „Олд Трафорд“ и „Енфилд“, зачудувачки не се вклучени во кандидатурата на Велика Британија и Ирска за ЕУРО 2028. Покрај оваа заедничка кандидатура, единствена друга земја која покажа интерес за организацијата на Европското првенство е Турција, по неуспешните кандидатури во 2012 и 2016.

Во првичната кандидатура која беше поднесена беа промовирани 14 стадиони, меѓу кои и „Олд Трафорд“, но не и „Енфилд“, но во конечната листа од 10 стадиони, испадна и „Олд Трафорд“ како и „Стадионот на светлината“ во Сандерленд. Според „Сан“, ова е поради тоа што водството на Јунајтед изненадувачки решило да се повлече од проектот.

„Енфилд“, пак, не ги исполнуваат стандардите на УЕФА за димензиите на теренот, од 105 метри на 68 метри, додека стариот стадион на „црвените“ е долг 101 метри. Ливерпул не можат да го зголемат теренот за четири метри, бидејќи во тој случај трибините ќе бидат преблиску до головите.

Share
Scroll to Top