Тренерската легенда, Фабио Капело, го прогласи Интер за шампион во Серија А. Капело веќе му ја честитал титулата на Антонио Конте.
Интер, вчера го победи Торино со 2:1, а во исто време Милан доживеа пораз од Наполи 0:1. На табелата во Серија А, Интер има девет поени повеќе од Милан.
„Со недели говорам дека Интер веќе го има Скудетото. Ова го говорам од моментот кога Милан доживеа пораз од Специја, денес тоа само го потврдувам“, рекол Капело.
„Треба да му честитаме на Конте. Работеше паметно, знаеше како да го води тимот. Многу му значеше минатата сезона, сега многу подобро го познава и разбира својот тим“.
До крајот на сезоната во Серија А остнаа уште 11. рунди.